Триесетта приказна: Калина е во ресторан
Калина е во ресторан.
Таа има закажано состанок со Симеон.
Калина не го познава Симеон.
Но, тој е пријател на пријател.
Симеон доаѓа на време.
Тој вели здраво, а Калина вели здраво.
Симеон седнува и Калина го гледа.
Таа мисли дека е убав.
Калина се насмевнува, а Симеон гледа во неа.
Имаш убава насмевка, вели Симеон.
Сега истата приказна кажана од друга личност.
Јас сум во ресторан.
Имам средба со Симеон.
Не го знам Симеон.
Но, тој е пријател на пријател.
Симеон доаѓа на време.
Тој вели здраво и јас велам здраво.
Симеон седнува и јас го гледам.
Мислам дека е убав.
Се насмевнувам и Симеон ме гледа.
Имаш убава насмевка, вели Симеон.
Прашања.
Сега имам неколку прашња, пробајте да ги изговорите или слуштнете ги одговорите.
1) Калина е во ресторан. Дали е Калина дома?
Не, Калина не е дома.
Таа е во ресторан.
2) Има состанок со Симеон.
Дали Калина оди на состанок со Георги?
Не, Калина не оди на состанок со Георги.
Таа има закажано состанок со Симеон.
3) Калина не го познава Симеон, но тој е пријател на пријател.
Дали Калина го познава Симеон?
Не, Калина не го познава Симеон, но тој е пријател на пријател.
4) Симеон доаѓа на време.
Дали Симеон е на време?
Да, Симеон доаѓа на време.
5) Симеон ѝ вели здраво на Калина.
Дали Симеон се поздравува?
Да, Симеон се поздравува со Калина.
6) Калина мисли дека Симеон е убав.
Дали Калина мисли дека Симеон е убав?
Да, Калина мисли дека Симеон е убав.
7) Симеон гледа во Калина.
Дали Симеон гледа во Калина?
Да, Симеон гледа во Калина.
8) Симеон ѝ кажува на Калина дека има прекрасна насмевка.
Дали Симеон ѝ кажува на Калина дека има убава насмевка?
Да, Симеон ѝ кажува на Калина дека има прекрасна насмевка.